Заев: Зошто да дадам оставка, Мицкоски да дојде, премиер да биде? Не размислувам за оставка
Премиерот Зоран Заев денеска рече дека не размислува да даде оставка.
Тој во изјавата на Зијадин Села, кој вчера од него побара оставка од морални причини, гледа политикантство, желба за власт и за победа на изборите.
-Мицкоски да дојде, премиер да биде? Не размислувам за оставка, а премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, не грозотијата да ја користи на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, се од пуста желба за власт, да се победи. Се додека вака се однесуваат ќе губат на избори. Другата алтернатива е ова: заедништвото, инвестициите, повисоките плати, придонес во БДП, истакна Заев по посетаста на новата фабрика за кабли во Сарај.
Во однос на понудените оставки рече дека нема дополнителен коментар зашто за тоа, нагласи, секој ден дава изјави.
-Трагедијата не погоди сите и ќе ја памтиме цел живот. Изгубивме животи. Да ги причекаме форензичите извештаи, нагласи премиерот.
Тој уште еднаш рече дека сите покажале чувство на одговорност, доаѓајќи веднаш на местото на несреќата за да помогнат некако. Злоупотребувањето на болката низ која минува цел народ, рече Заев, е чисто политиканство.
Ново на Сител
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава