Заев: Злосторството во Сребреница е дамка во колективната совест на човештвото
Во име на граѓаните на Република Македонија, премиерот Зоран Заев изрази најдлабоко сочувство кон семејствата на сите настрадани во Сребреница, но и за сите жртви коишто залудно го загубија својот живот во војната во Босна и Херцеговина, соопшти владината служба за информирање.
Денес, посочува Заев, одбележуваме и се сеќаваме на еден мачен ден, за целото човештво, но посебно за бошњачкиот народ.
- Тоа што се случи во Сребреница пред 22 години е еден од најголемите порази на цивилизациските вредности и лекција што мораме да ја научиме, еднаш засекогаш. На овој ден, пред 22 години откако повеќе од 8.000 луѓе беа убиени, не е доволно да повторуваме „Никогаш повеќе“, туку да се соочиме со минатото и да се поклониме пред жртвите. Ова злосторство против човештвото е дамка на нашата колективна совест, но и најмоќниот потсетник дека мораме да спротиставиме на секоја форма на насилство и да застанеме во одбрана на човековите права и достоинство, наведува Заев.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација