Македонија
5. December 2020 - 16:44

Заев жали што историчарите немале храброст, Мицкоски обвинува за распродажба на идентитетот

Премиерот Заев тврди дека нема никакви дилеми околу употребата на придавката македонски. И покрај јасниот став на бугарските членови во историската комисија за замена да придавката македонски со северно македонски, премиерот вели дека на оваа тема воопшто не се разговара. Тоа што историчарите вчера не успеаја да најдат заеднички јазик премиерот го препишува на тоа што немале доволно храброст и инвентивност. На само неколку дена пред последниот рок, Заев повторува за што не се преговара, но на што тогаш се фокусираат преговорите имајќи ги предвид бугарските позиции и денеска нема одговор.

Заев рече дека треба да бидеме подготвени за бугарската блокада изразувајќи разбирање за предизборната атмосфера во која се наоѓа Бугарија.

Опозицијата и денеска на улица. Со автомобили од Карпош и Аеродром повеќе граѓани попладнево се собраа пред Владата каде лидерот Мицкоски уште еднаш повика на будност бидејќи како што рече, Заев продолжува да ја распродава Македонија.

Мицкоски рече дека по промената на власта на премиерот Заев ќе му се суди за велпредавство и ги повика граѓаните масовно да се приклучат на протестите за како што кажа да ја спречат распродажбата на државата.