-->
-->
Заев: Зголемената транспарентност позитивно влијание на демократизацијата, економскиот развој и евроинтеграциите
-->
Зголемувањето на нивото на транспарентноста има позитивно влијание кон демократизацијата на државата и им овозможува на граѓаните да имаат контрола над институциите. Дополнително, транспарентноста позитивно влијае врз економскиот развој на државата и врз евроатлантските интеграции, наведе премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил.
– Со цел да се поттикне отчетноста, транспарентноста и отвореноста на локалните самоуправи, согласно Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Македонија, на вчерашната седница прифатена е препораката на Комисијата за економски систем и тековна економска политика на Владата на Република Македонија и донесен е заклучок дека сите финансиски извештаи и извештаи за работење (тромесечни, полугодишни и годишни) кои се доставуваат на разгледување во Владина постапка, нема да бидат разгледани на Комисијата, доколку листата од 22 обврзувачки информации и документи со кои се обезбедува отчетноста на општината не се објавени на веб-страниците на предлагачите, истакнува Заев во објавата на Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица