Македонија
13. јуни 2021 - 16:49

Заев за српски Курир: Од продажба на лубеници во Србија до македонски премиер

Од продавач на лубеници до премиер. Својата биографија  шефот на владата Заев ја раскажа за српски Курир. Вели дека неговата младост, како и првата љубов со убавата Јелена  е поврзана за Србија. Продавал пиперки, лубеници, домати и краставици  на пазарот во Горни Милановац . Со 3 месеци работа таму, во лето – ја изградиле 4 спратната куќа. Првиот дополнителен профит го зарабoтил  со продажба на детергент за перење алишта од Србија, а првите милиони – кога продавав суви пиперки во Србија. – Раскажува Заев

Првата голема заработка, 2,4 милиони марки е од црвените пиперки,  кои ги сушевме во Струмица, и му го дадовме на „Хоргош“ за производство.на црвен пипер. Во 2001 година, во Суботица, преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Падна договор, а профитот беше 2,4 милиони марки. И со тој капитал купивме циглана“, вели премиерот Заев

Влегол во политиката откако неговиот  вујко им кажал дека некој од бизнис секторот мора  да влезе во политиката, затоа што политичарите работат само со професори и не знаат што е реалност.

Во интервјуто зборува дека е скромен и покрој многуте бизини кои ги има.

Смета дека премиер треба да биде на функција најмногу 2 мандати, затоа што постои ризик да се стане автократ. Тоа е секаде ризик, а најмногу на Балкaнот. Затоа траба  да доаѓаат нови луѓе. Во вториот мандат сум, кој би требало да биде до 2024 та и верувам дека тогаш ќе го завршам. Тогаш ќе се вратам во нашата компанија, повторно да се занимавам со комерцијала. наведува Заев. Сепак додава дека Политиката е како порок – тешко е да влезеш и да излезеш. Но секако, голема е честа да бидеш премиер на својата земја.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека Македонија нема време за губење. Македонските граѓани немаат уште нови 3 години за губење време со Зоран Заев и со оваа криминална власт.

Заев е свесен на се помалата поддршка од граѓаните и за драстичниот пад на својот рејтинг и рејтингот на СДСМ и повторно се обидува преку евтини спинови да си купи мир во својата партија.

Без ниту еден капитален проект овие 4 години, со зголемен долг од над 63%, илјадници луѓе кои останаа без егзистенција, со уништена економија и уништени човечки животи, се делата и проектите на Зоран Заев на власт.

затоа бараат негова оставка, се наведува во писмена реакција на опозицијата.