Македонија
27. November 2019 - 13:16

Заев во Сараево ќе ја прими меѓународната награда „Иса Бег Исхаковиќ“ и признанието „Во потрага по пријател“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе присуствува на Свечената академија што ќе се одржи вечер во Народниот театар во Сараево, а на која е најавено дека ќе му биде доделена меѓународната награда „Иса Бег Исхаковиќ“, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев во Сараево оди со потпретседателот на Собранието, Зекир Рамчиловиќ, претседателот на МАНУ, Таки Фити, пратеникот во Собранието Ферид Мухиќ и заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Неџад Мехмедовиќ.

Свечената академија ја организира Здружението „Клепсидра“ во кое што членуваат еминентни претставници на академската заедница во БИХ.

На Свечената академија ќе се обрати премиерот Зоран Заев, а на настанот ќе присуствуваат бројни гости, дипломати, академици, личности од општествено-политичкиот живот од БИХ.