Заев во Сараево ќе ја прими меѓународната награда „Иса Бег Исхаковиќ“ и признанието „Во потрага по пријател“
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе присуствува на Свечената академија што ќе се одржи вечер во Народниот театар во Сараево, а на која е најавено дека ќе му биде доделена меѓународната награда „Иса Бег Исхаковиќ“, соопшти владината прес-служба.
Премиерот Заев во Сараево оди со потпретседателот на Собранието, Зекир Рамчиловиќ, претседателот на МАНУ, Таки Фити, пратеникот во Собранието Ферид Мухиќ и заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Неџад Мехмедовиќ.
Свечената академија ја организира Здружението „Клепсидра“ во кое што членуваат еминентни претставници на академската заедница во БИХ.
На Свечената академија ќе се обрати премиерот Зоран Заев, а на настанот ќе присуствуваат бројни гости, дипломати, академици, личности од општествено-политичкиот живот од БИХ.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци