Македонија
30. October 2018 - 16:36

Заев: Уставни измени само согласно преспанскиот договор - нема да дозволиме отворање на ,,пандорината кутија‘‘

Поради несогласувања со партиското раководство, претседателката на унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ си поднесе оставка од функцијата.
„Оставката ја поднесувам поради очигледните несогласувања со политиките на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Јас не можам да прифатам да бидам дел од расипани токсични игри водени од амбицијата да се нахранат неколку суети. Да имаш амбиција е позитивно, но да бидеш спремен да газиш преку живи луѓе само за да го задоволиш сопственото его и желбата за моќ е неприфатливо“ - напиша Рангелова на социјалните мрежи објавувајќи ја оставката.

Рангелова вели дека и натаму останува во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и дека нема да даде поддршка на уставните измени.

Заедно со Рангелова во пакет оставка си поднесе и генералниот секретар на ова партиско тело на опозицијата. За разлика од Рангелова, Љилјана Затуровска вели дека останува да ги следи политиките на својата партија
„Давам оставка на оваа функција со искрени желби за уште посилни успеси на идниот тим кој ќе ја предводи унијата. Стојам на располагање на мојата партија почитувајќи ги и извршувајќи ги одлуките и активностите кои ќе ми бидат доверени во иднина“ – пишува Затуровска на социјалните мрежи.

Вчера заминување од позицијата координатор на пратеничката група најави Драган Данев. Тој и Рангелова беа единствените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа на референдумот. За најголемата опозициска партија тоа не значи ништо. Велат, оставките се коинциденција.

Партиски извори за Сител велат дека оставката на Рангелова не е никакво изненадување, особено ако се знае дека таа подолг период манифестира несогласувања со партиските политики. Според истиот извор, Затуровска како гернерален секретар си заминува од технички причини по оставката на Претседателот и дека нејзината поддршка на партиските политики не е доведена во прашање.
 

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ од своите редови исклучи 7 пратеници кои не ја испочитуваа партиската одлука и дадоа поддршка за старт на процесот за промена на уставното име