Заев-Терлечки: Полска наскоро ќе го ратификува Пртотоколот за НАТО, поддршка за интеграција и во ЕУ
Полска ја поддржува евро-атлантските интеграции на Република Северна Македонија, а полскиот Парламент наскоро ќе го ратификува Протоколот за прием на земјата во НАТО, било истакнато на денешната средба во Владата на премиерот Зоран Заев и заменик-претседателот на Парламентот на Полска, Ришард Терлечки.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, констатирано е дека Република Северна Македонија е подготвена да направи напредок и во европските интеграции. Заеднички пак е констатирано дека потребно е да продолжат политиките на проширување на Европската Унија.
– Наша аспирација е на Самитот во јуни, во ЕУ, по 14-годишен кандидатски статус да добиеме датум на почеток на преговорите со ЕУ. Се надеваме дека континуираната поддршка на нашата земја, од нашиот голем пријател, Република Полска, ќе се потврди и во јуни, а ние работиме на аргументите да ја заслужиме таа поддршка, рече премиерот Заев.
Заев посочил дека нашата држава важи за позитивен пример, како низ дијалог се решаваат важни прашања со соседите, низ градење пријателство и заедничка иднина. Тој дополнил дека реформите успешно се спроведуваат. Според него, решавањето на крупните политички прашања, процесот на прием во НАТО и охрабрувањата за приближување кон ЕУ даваат резултати и на економски план, како што е зголемувањето на странските инвестиции за четири пати во 2018 година, во однос на 2017 година, намалувањето на невработеноста, растот на индустријата и БДП, што води кон мотивација на младите да останат да живеат и работат во родената земја.
– Пред избори сме за петтиот претседател на државата и веруваме дека со свесност и одговорност од сите ќе покажеме дека оваа земја има сериозни демократски капацитет, нагласил Заев.
Премиерот Заев упатил покана за официјална посета на премиерот на Република Полска Матеуш Моравецки.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца