Македонија
12. July 2019 - 15:05

Заев: Содржината на "бомбите" е таа која јас ја поседував

Премиерот Зоран Заев вели дека не знаел оти објавениот разговор меѓу Груевски и Јанкуловска за убиството на Мартин Нешковски не е целосен.

Тој по денешната посета на археолошкиот локалитет Стоби  изјави дека објавената содржина на бомбата била единствена која тој и СДСМ ја поседувале.

Додаде кај нив имало над 1 милион разговори но претпоставува дека постојат уште 3 милиони чија содржина не ја знае а сега дел од тие разговори излегуваат во јавност.

 

Зоран Јаневски