Македонија
11. October 2018 - 19:04

Заев со повик до пратениците да ја превземат историската одговорност

Вистинските патриоти го почитуваат минатото на својата земја, но многу поважна е иднината, порача премиерот Зоран Заев, кој ја предводеше владината делегација која одадде почит на Спомен костурницата во Куманово, по повод државниот празник 11-ти октомври – Денот на антифашистичкото востание.

Премиерот истакна дека дека тогашната генерација ја препознала историската шанса и го остварила вековниот сон за своја држава, а осврнувајќи се на денешницата, порача дека пред Македонија е шанса за нова историја.

На одбележувањето на празникот, Заев подвлече дека сега е редот на народните избраници во Собранието, кои се исправени пред историска одлука за иднината на Македонија.

Денот на Народното востание беше одбележан и пред Споменикот на ослободителите на Скопје во дворот на Владата. Според вицепремиерката Радмила Шеќеринска, приклучувањето на Македонија кон прогресивниот свет е единствен и вистински пат кон успехот

Значајниот датум 11-ти октомври, симболот на македонската борба за слобода, во земјава беше одбележан со повеќе манифестации. Новина оваа година е што општините Куманово и Прилеп, местата каде што пукнаа првите пушки, заеднички го одбележаа 77-годишнината од Денот на антифашистичкото востание.