Заев: Следува нова инвестиција од 10 милиони евра
Премиерот Зоран Заев, придружуван од директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Јован Деспотовски се сретна со раководството на италијанската индустриска групација „Витило“, сопственикот и управител Антонио Витило и Чиријако Ло Конте, директор на „Витек Македонија“.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, е објавено дека странскиот инвеститор, којшто е присутен во нашата држава од 2011 година, одлучил да инвестира нови 10 милиони евра во земјава, во рамки на третата фаза од планираната инвестиција, што е речиси стопроцентно зголемување на досегашните инвестиции од над 11 милиони евра, реализирани во првата и втората фаза.![]()
Како што стои во соопштението, на состанокот е изразено задоволство од страна на инвеститорите за нивната работа во нашата држава и е информирано дека веќе постојат побарувања на пазарот за нивните производи и дејност.
Претставниците на италијанска групација „Витило“, позната во автомобилската индустрија, како што беше соопштено, ќе инвестираат во градење и во нови машини за потребите на автомобилската индустрија и на други индустрии, а производството од нашата земја е наменето за цела Европа, земјите на Заливот и САД. При тоа е планирано зголемување на работните места за една третина од постоечкиот број вработени, кои, според соопштените информации земаат натпросечна плата во државава и на кои, минатата година, во време на пандемија, им биле зголемени платите за 16 проценти.
Премиерот Заев ја поздрави новата инвестиција, за којашто изрази очекување за скорешно, официјално потпишување на договорот за инвестицијата.
-Ние сме цврсто фокусирани кон отворањето нови работни места, раст на економијата. Се покажавме како пријателска држава во регионот, којашто генерира политики на пријателство и веруваме дека тоа влијае на интересот за инвестирање овде. Нé радува вашата одлука за новата инвестиција и во Република Македонија и вие гледајте голем пријател и можности за соработка на принципиелно ниво, рече премиерот Заев.
На состанокот, директорот Деспотовски презентираше детали за новата инвестиција, како и за разговорите за поддршката од државата за нејзина реализација. Како што беше истакнато, оваа инвестиција е дел од новиот пристап во работењето на Дирекцијата за ТИРЗ со анализа, но и значително покуси рокови за подготовка и склучување договори. Премиерот Заев и претставниците на италијанската компанија се согласија дека ваквиот пристап ќе значи и нов квалитет, поголема сигурност, а со тоа и повеќе странски инвестиции во Република Македонија.
Ново на Сител
-

Хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите во „Пулс“ во Кочани на 15 јуни
-

Унгарската полиција уапси седум лица за перење пари, водачите на мрежата се во бегство
-

Платини поднесе кривична пријава против претседателот на ФИФА Инфантино
-

Мицкоски: Сакаме добри односи со сите соседи, но прво заштита на интересот на државата и на идентитетот
-

Апелација ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ, соопштија од М-НАВ
-

Ново инклузивно мултифункционално спортско игралиште во Куманово – инвестиција во младите и заедницата
-

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против шверцувањето мигранти и трговијата со луѓе
-

Многу блиску сме до одлука сами да го градиме Чебрен и Галиште, тоа е стратешки проект за државата, вели Мицкоски
