Македонија
22. March 2020 - 14:40

Заев: Сите функционери во април и мај да земат минимална плата од 14.500 денари

Сите функционери во април и мај да земат минимална плата од 14.500 денари (пратеници, премиер, вицепремиери, министри, раководители на сектори, судии и обивнители), а претседателите и членови на управните одбори во централната, извршната власт и општините да работата без надомест. Ова е само една од сетот мерки што ги предлага СДСМ, а ги соопшти денеска лидерот на партијата, Зоран Заев. Оваа мерка, напомена Заев,  нема да се однесува на лекарите и медицинскиот персонал, на полицајците, војниците и сите што се активно вклучени во справувањето со коорнавирусот.

Сите заштеди од јавните институции и субјекти по овој основ, ќе се уплаќаат во т.н корона фонд, творен во рамки на државниот Буџет.

Според Заев, СДСМ предлага паричен надомест во износ од 50 отсто од просечната нето плата за сите што ги загубија работните места поради коронавирусот, по една минимална плата во април и мај за вработените во медиумите, како и финансиска поддршка за спортистите. Сугерира и запирање на законот за извршување до крајот на јуни, како и одложување на кредитите за три месеци (априлската рата да се плаќа во јули) на што банките се согласиле. Се предлага и дополнителна исплата на енергетски додаток за корисниците на социјална заштита, како и по 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформалната економија. За овие две мерки вкупниот фискален ефект за два месеца (април и мај) ќе биде 389 милиони денари.

-Предлагаме и обезбедување по една минимална плата од 14.500 денари за април и мај од државата за секој вработен во приватните фирми погодени од кризата. Фирмите сами ќе си ги платат придонесите и персоналниот данок. Останува правото да дадат и поголема плата, а тоа, впрочем и го очекуваме. Оваа мерка ќе може да ја користат сите фирми што нема да даваат дивиденди и бонуси за менаџментот и вработените до крајот на 2020-та и нема сега, за време на кризата, да повлекуваат дивиденди и бунис по основ на добивки од 2019 година, рече Заев и објасни дека оваа помош нема да се дава на оние вработени кои имаат поголема нето плата од 39.900 денари.

Фирмите што ќе аплицираат за оваа мерка, истакна Заев, треба да имаат ист рбој вработени како пред кризата со коронавирусот, а ќе може да аплицираат и оние што ќе ги вратат веќе отпуштените работници.

За оваа мерка државата ќе одвои околу 120 милиони евра.

-Овој Предлог-пакет мерки на СДСМ е насочен кон граѓаните, работниците и фирмите кои поради неочекуваната криза се најдоа пред незивесност за својата егзистенција. За нас секој човек е важен, парите од Буџетот да одат диектно за помош на граѓаните и во сите овие проекции најважно беше државата да обезбеди доволно пари за здравството. Тоа мора да е стабилно за да ја издржи вонредната состоба. Подобро сите да бидеме солидарни, да издржиме два месеца на минимална плата отколку да дозволиме крах на економијата, истакна Заев.

Тој им порача и на земјоделците да продолжат со работа и да ги посеат нивите. Дистрибутерите, рече, имаат доволно репроматеријали и средства за заштита, а има и гориво. Има се што е потребно за навремени агротехнички мерки. – Почитувајте ги превентивните мерки и продолжете да произведувате храна, нагласи Заев.

Сетот мерки СДСМ ќе ги достави до Владата.