Македонија
15. September 2021 - 13:21

Заев: Се прават дополнителни контроли на сите модуларни болници низ земјава

Денеска во Штип, претседателот на Владата, Зоран Заев во изјава за медиумите истакна дека се прават дополнителни контроли на сите модуларни болници во земјата.

„Тагата и болката се големи, но трагедии се случуваат насекаде. Веднаш превзедовме чекор што мислам треба да превземат и во иднина да не дозволиме да се случуваат вакви трагедии. И оваа трагедија има поуки, се прават дополнителни контроли на сите модуларни болници низ земјава, и веројатно долг период пред нас ќе бидат предмет на испитување на ваквите болници. Тоа се болници за згрижување на пациенти. Сите треба да учиме од слабостите на системот, трагедиите треба да ги прифаќаме како трагедии со најобјективни претпоставки и најобјективни очекувања и испитувања за нивната причина“,рече премиерот Заев.

Тој додаде дека никој не е вечен на функцијата и дека секој е заменлив, но не требало веднаш да си даде оставка затоа што некој тоа го барал. За крај, рече дека остава на експертите да ги соопштат сите детали за трагедијата.