Заев се надева на решение за името до средината на годината

Премиерот Зоран Заев очекува до средината на годината да се најде решение за 25-годишниот спор за името со Грција и на Самитот на НАТО во јуни да биде активирана поканата за членство на Република Македонија.
Во изјава за бугарската телевизија „Нова“, Заев вели дека евентуалното решение ќе треба да биде одобрено на референдум.
- Референдумот треба да биде дополнителна гаранција и за нашите пријатели од Република Грција бидејќи со тоа дефинитивно ќе се тргнат сите сомнежи, а народот ќе стои зад решението кое ќе биде прифатено. Убеден сум дека Македонците се подготвени за тоа. Но, се уште сме во преговори и се надевам дека решението ќе го сочува достоинството на граѓаните и на Грција и на Република Македонија, истакнува Заев.
Тој додава дека „заедно со јужните соседи од Грција прават се да се отвори внатрешна дебата и да се изнајде решение прифатливо и за двете страни“.
- Се надевам дека ќе се дојдеме до решенија кои се доволно прифатливи и за двете страни заради тоа што на крајот решението мора да го сочува достоинството и идентитетот на двете земји. Само така се градат пријателства и тоа мора да биде на една трајна и одржлива основа. Сето ова го кажувам заради тоа што ако бидеме паметни и мудри порано да го решиме проблемот, ќе успееме да ги фатиме и ваквите перспективи на овие одлуки, вели Заев.
Ново на Сител
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
-

Уапсено лице од беровско, пронајдени се дрога, оружје, муниција и полициска униформа | ФОТО
-

ВМРО-ДПМНЕ: Денешниот ден не потсетува на нашата обврска достојно да го чуваме и негуваме македонскиот јазик
