Македонија
11. September 2021 - 19:57

Заев се изјасни по оставката од Филипче - ќе чека на резултатите од истрагата

Одговорност има и ќе има, но одлуката дали се прифатени понудената оставки од министерот Филипче ќе има по брзата и темелна истрага за поѓарот на теовската модуларна болница во која изгореа 14 лица. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев ден откако здравствениот политички врв си поднесе оставки како  морален. Премиерот вели дека оставките ги разбира како висок морален чин, но дека одговорноста ќе биде резултат на факти, а не врз основа на политичка пресметка.

Очекувам тоа да се случи брзо во следниот период за што уште еднаш апелирам до сите институции за брза и темелна истрага.  Одговорност има и ќе има, јасно утврдена врз основа на непобитни форензички факти, а не врз основа на политички пресметки.“, вели Заев во писменото обраќање.

Тој за наредната недела најавува прес-конференција на која ќе ги соопшти ставоивте и во однос на тоа што покажала истрагата за овој несреќен случај.

Опозициската ВМРО-ДПНЕ смета дека оставката на Филипче била изнудена и дека не е доволна.

Филипче пак, денеска доби поддршка од матичната партија. „Работата и посветеноста на Венко Филипче и неговите дела се препознаени од граѓаните и ниту еден фотошоп и  манипулации не можат да го избришат тоа“, коментираат од СДСМ.

За оставката на министерот за здравство се изјаснија и директорите на здравствените уставнови низ државата. Бараат од Заев да не ја прифаѓа оставката бидејки пандемијата трае, а токму Филипче добро ја менаџирал кризата.

„Наместо руинирано здравство, сега имаме реновирани и достоинствени услови за работа, по современ европски терк. Тој знае дека секоја инвестицијата во здравството е инвестиција за иднината. Кога целиот свет се бореше за парче заштитна опрема, тој ја обезбеди за нас. Успеа да ги помери границите и да набави терапии за пациентите со ретки болести и современа терапија за пациентите со малигни болести“, пишуваат директорите до премиерот.

На социјалните мрежи пак, мислењата се поделени. бурни реакции предизвика хаштагот „ поддршка на Венко“ под кој поддржувачите на министерот ја изразуваат поддршката. Опозициските поддржувачи шпак, бараат и кривичлна одговорност за Филпче.