Македонија
12. November 2020 - 14:37

Заев: Правиме напори за да се најде решение, но има работи за кои не се преговара

Правиме напори и ќе дадеме се до последен момент од нашата страна за да се најде решение, но секако има работи за кои што никаде во светот не се преговара, ниту кај нас, изјави премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција, укажувајжи дека може да не се постигне решение и да не се одржи Меѓувладината конфернција со ЕУ.

– Преку оптимизам навистина испраќаме порака дека правиме се да постигнеме решение. Јас сум истот тој што пред месец дена на празникот 11 Октокмври го запознав нашиот народ дека е можно да немаме решение, односно да не се одржи првата меѓувладина конференција помеѓу Република Северна Македоија и ЕУ. Така што правиме напори до последен момент, ќе дадеме се што може од наша страна како енергија, како памет, како мудрост, но секако знаете има работи за кои што никаде во светот не се преговара, па ни кај нас ќе се преговара. Тоа и бугарската страна го сфаќа, сфаќа дека нашиот идентитет, нашиот македонски јазик се наше чувство, наше право. Државите не преговараат за оваа работа, така што ние продолжуваме да изнаоѓаме решенија коишто секако би биле прифатливи за двете страни. Но, дефинитивно стојам и денеска како на тој 11 Октомври еве дека постои серозна можност ние да не добиеме прва меѓувладина конференција со ЕУ, изјави премиерот, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој оцени дека за ова прашање не треба да се прави политиканство и дека треба над се да биде интересот на државата.

– Секојпат сме транспарентни, пред Парламентот којшто не избра и да бидеме присутни секаде. Никаде во светот, ниту пак кај нас во финалето за разговорите, заради тоа што на 17-ти, во вторник е веќе Советот на министри на ЕУ, во Собрание ќе дојдеме заради покажување на мускули од опозицијата, заради тоа што тие не се никако одговорни, покажале дека не се одговорни барем во последните години. Апсолутно за ништо не им е гајле и грижа што е со иднината на државата, рече Заев, одговорајќи на прашање во врска со расправата во Комисијата за надворешна политика во Собранието иницирана од опозицијата.

Тој додаде дека Владата има обврска државата да оди напред, државата да успева и слично и, како што наведе, би било навистина глупаво или неодговорно да направиме нешто што ќе го стави под прашање процесот на разговорите, односно ќе предизвика нелагодни ситуации или основи за непостигнување на договор.

– Не велиме дека ќе се постигне договор, одговорив дека постои голема веројатност да не се постигне договор. Остануваме оптимисти заради тоа што низ оптимизмот може навистина да бидеме и креативни и да изнајдеме решение, исткана премиерот.

Заев нагласи дека дефинитивно е неприфатливо да се прави плитикантство и да се собираат политички поени и да се гледа политички интерес од нешто што е стратешки интерес на државата, како што е првата меѓувладина конференција и стартот на преговарачкиот процес.

За нас државата е интересот на граѓаните се пред се и над се, потенцира премиерот Заев.