Македонија
27. December 2019 - 21:10

Заев потврди: Спасовски - технички премиер, Царовска - вицепремиерка за економски прашања

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев потврди дека сегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на 3. јануари ќе стане технички премиер. Министерката Царовска ќе го замени вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој одамна најави дека ќе се повлече од политиката.
 
Во Министерствата за внатрешни работи и труф и социјала опозицијата ќе добие министри, а СДСМ дополниѕелни заменици министри. Одлуката падна, дополнителни заменици министри да бидат шефовите на сегашните кабинето во Министерствата, Славјанка Петровска и Санела Шкријејљ.
 
СДСМ избра и нов Секретар за меѓународна соработка, а тоа ќе биде Бојан Маричиќ, поранешен Советник во кабинетот на Заев.
 
Тој верува дека мандатот ќе го завршат заедно со ДУИ, откако таа поднесе над 5.000 амандмани во Собранието и практично ги блокираше Законите кои ги предложи СДСМ.
 
Идното коалицирање со ДУИ, според Заев ќе значи од програмската определба на двете партии.
 
Вели дека утре на средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ќе се обиде да зборува и да ги доближи ставовите за воведување на една изборна единица.
 
-Една изборна единица може да одлучуваме се до 12 февруари, односно до распуштањето на Собранието. Одговорно тврдам дека СДСМ е за една изборна единица, рече Заев.
 
Даниел Василев