Македонија
29. March 2021 - 17:23

Заев: Постигнавме договор за одложување на пописот, за конечно сите да повикаме на попишување

 Постигнавме договор заради имунизација на населението и можноста да се прими и втора вакцина од попишувачите да го одложиме пописот на населението дома, почнувајќи од 5 до 30 септември, со што се одлагаат и локалните избори за втора половина на октомври. Го прифатив предлогот за одложување на пописот, се со конечна цел сите да повикаме на попишување на државата и конечно после 20 години да спроведеме толку важен процес, изјави премиерот Зоран Заев по лидерската средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Паузата на лидерската средба, Заев посочи дека ја искористил да ги консултира и претседателот на државата, претседателот на Собранието, министерот за правда, директорот на Државниот завод за статистика, како и поголемите коалициони партнери ДУИ и БЕСА, а за во среда најави и состонок со Алијанса за Алабаниците и Алтернатива.

– Попишувањето на дијаспората продолжува до 30 сепетмври. Тоа ќе даде можност дополнително сите да бидат мотивирани. Оваа е многу важна статистичка операција, сега ја имаме и најголемата опозициона партија. Верувам дека со тоа ќе се согласат и најголемите опозициски партии од албанската националност- Алијанса за Албанците и Алтернатива, но испраќам порака и од Левица и до сите да испратиме порака граѓаните да се попишуваат, изајви Заев.

За одложувањето на пописот, појасни Заев, ќе треба да се промени Законот за попис.

– Ќе треба брзо да се подготви законот од Министерство за правда, да се пушти во Собрание и да го поддржиме сите. Методологијата е таа, согласно Евростат, која ќе ги собере сите неопходни податоци. Сега не е 21, ќе биде 25 дена, зошто и покрај имунизацијата, веројатно ќе имаме пандемија се уште и во септември и да се случи да имаме позитивен на дента на попишувањето, да дадеме можност од дополнителни пет, седум, дванаесет дена, колку што е потребно за да може секој да се попише, рече Заев.

Кампањата за локалните избори, посочи тој, ќе почне после 30 септември, односно од 1 октомври.

Договориме, нагласи Заев и одблокирање на Собранието, што е особено важно за граѓаните.

-Законите, како што се Клиничкиот центар, продолжување на рокот за легализација на бесправни градби, петтиот пакет мерки со 100 милиони од Европската инвестициска банка со кредитите за малите и средни претпријатија, АВМУ и МРТВ, што се заглавени повеќе од година и пол во парламентот, Законот за државјанствата на, кои ќе присуствуваат координаторите на сите пратенички групи. Законите поврзани со пензионирање со 64 години, законите од екологијата и сите други закони. Секако и поддршка понатаму за сите други закони кои што се во нашата Европска агенда и помош за населението и стопанството, изјави Заев.

Прифативме, посочи Заев, уште утре да влезе Изборниот законик со отисок со прст којшто е договорен помеѓу поголемите политички партии да влезе во процедура. 

– Со самиот Изборен законик презедовме обврска веднаш да продолжат работни групи и да разговараат за унапредување на Изборниот законик, пред се вградување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР во самиот Изборен законик, но исто така да се даде можност да се разговара за претстојните локални избори, а тоа е барањето на владејачките партии за отворени листи на локалните избори за советници, како и барањето на ВМРО-ДПМНЕ за избор на градоначалник во прв изборен круг со 30 проценти поддршка на кандидат од вкупниот број на гласачи во самата општина, но и за редовните парламентарни избори каде што би ги разговарале нашите барања и пред се барањата на помалите политички партии – тоа е за една изборна единици, а од друга страна од ВМРО-ДПМНЕ да се разгледа можноста нашата дијаспора покрај гласањето во ДКП-та да може да гласа и во други гласачки места каде што има поголем број наше население, појасни Заев.

Покажавме доблест и големина, посочи Заев и изрази уверување дека вака со градење консензус меѓу власта и опозицијата само уште повеќе и подобро ќе им служат на граѓаните и државата.