Заев оптимист дека ќе добиеме датум за преговори
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е оптимист оти ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ и покрај искажаните резерви од некои земји членки.
– Будно следиме што се случува. На неколку дена сме од историската одлука. Моите очекувања се дека ќе добиеме одлука за почеток на преговорите, изјави Заев одговорајќи на новинарски прашања по конференцијата во МНР на тема „Кон концептот за едно општество и интеркултурализам“.
Познато му е, вели, дека некои земји членки имаат свои аргументации внатре, кои најчесто не се поврзани со нас.
– Дебатата што ја води Франција на пример за реформите и иднината на ЕУ. Ние ги почитуваме тие дебати и веруваме дека можеме да помогнеме и придонесеме. Свесни сме дека во заклучоците покрај одлуката за почеток на преговорите, ќе има и одредби за имплементација на договорите со Бугарија и со Грција. Тоа е логично и очекувано. Покрај целата оваа дебата јас останувам позитивен и оптимист дека имаме конечно одлука за почеток на преговорите, иистакна премиерот Зоран Заев.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња