Заев од Женева: Стратешки дијалог за Западен Балкан и позитивна агенда за иднината на регионот
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во придружба на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, присуствува на состанокот што го организира Светскиот економски форум во Женева, на тема „Стратешки дијалог за Западен Балкан“.
На работната сесија што е во тек се лидери на државите од Западен Балкан, но и пошироко од регионот, претставници на Европската комисија, на организации од Европа, како и од организаторот, Светски економски форум.
Целта на состанокот е во функција на зајакнување на економската соработка помеѓу државите од регионот, процес што е во тек и се интензивира. Експертските искуства и поддршката од Светскиот економски форум се посебно значајни во услови на потребата од иновации, од вложувања во човечкиот потенцијал во земјите од Западен Балкан, од поттикнување на компетитивноста на домашните компании, во функција на регионалниот развој.
Во фокусот на дискусиите на работната сесија, според најавеното, се економската но и политичката клима во Европа, односно предизвиците и можностите на политички и економски план, со цел развој на државите од Западен Балкан во духот на позитивна агенда за иднината на регионот.
Ново на Сител
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата
-
Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените