Македонија
27. September 2016 - 19:11

Заев: Очекуваме избори на 11 декември

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска при посетата на тиквешкиот регион изјави дека е убеден дека на 11 декември ќе има фер, регуларни и демократски избори и повика да не се вршат притисоци врз Специјалното јавно обвинителство. 

- Ќе сторам се како еден од важните фактори во Република Македонија, јас, мојата партија, и целата опозиција, изборите да бидат слободни каде што граѓаните на регуларен, фер и демократски начин ќе ја изразат слободната волја и тие ќе ја проектираат иднината на Македонија. Во тоа име уште еднаш испраќам порака, да не се дрзне под политички притисок било кој, а така и Уставниот суд, да го укинува Специјалното јавно обвинителство. Тоа е трошката надеж за враќање на правдата во Македонија, рече Заев во одговор на новинарско прашање.  

Додаде дека оваа институција е дел од правосудниот систем и остварува постапки кои, како што рече, завршуваат со обвинителни акти или со отфрлање на кривични пријави и индикации.