Македонија
14. September 2016 - 18:25

Заев најавува повисока минимална плата

Искористувајки го денешниот пазарен ден во Прилеп, лидерот на СДСМ, Зоран Заев ја посети Старата чаршија, при што пред трговците и граѓаните даде јавно ветување дека, по промената на власта, минималната плата во земјава ке била 12 илјади денари, а ке имало и значително финансиско заживување на стопанството. Исто така, тој посочи дека сите услови за одржување на избори на 11-ти декември се исполнети и дека тие како Партија се подготвени да излезат на истите. 
 
Денешната посета на Заев на Прилеп, од ОК на ВМРО – ДПМНЕ, пак, беше оценета како лицемерна мисија на, како што го нарекоа “трговецот со нациноналните чувства”, притоа, потсетувајки го лидерот на СДСМ, на се она што оваа власт го прави сиве овие години за добробит на македонскиот народ. 
 
Лидерот на СДСМ, денешната посета на Прилеп, ја заокружи со отворање на локален партиски штаб, практика која опозицијата ја спроведувала во сите општини.