Македонија
28. April 2017 - 17:01

Заев најави дека следен чекор што ќе го преземат е формирање нова влада

Не смееме да подлегнеме на провокациите чија цел е поделба, раздор и изолација на Македонија, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој го осуди синоќешното насилство и додаде дека мора да се почитуваат демократските вредности.

Со осуда за насилството во парламентот излезе и Демократската унија за интеграција. Од партијата велат дека државните интитуции треба да продолжат со работа и не смее да се дозволи нивна злоупотреба.

Осуда за инцидентот во собранието пристигна и од Движењето БЕСА. Побара државните органи за обезбедување на јавниот ред и мир да застанат во одбрана на институции и граѓаните.