Заев: Мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори
Претседателот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција по полноќ изјави дека во Македонија мора да има и ќе има слободни, фер и демократски избори.
- На фер избори СДСМ ќе ја преземе одговорноста којашто ќе и ја дадат граѓаните. Промените доаѓаат на слободни, фер и демократски избори, на коишто ќе победат граѓаните, СДСМ и европските вредности, рече Заев.
Тој смета дека мора да се избере нова влада, со полн легитимитет, за решавање на, како што рече, сериозните проблеми и враќање на Македонија на европскиот пат.
- Потврдата од ЕУ и САД, меѓународните гаранти на Договорот од Пржино дека не се исполнети условите за фер избори и одложената одлука за Резолуцијата во Европскиот Парламент покажуваат колку само слободните избори се значајни за иднината на Македонија, истакна Заев.
Според него, изборите треба да бидат со прочистен избирачки список и реформи за слободни медиуми на кои сите граѓани и партии слободно ќе учествуваат.
- Со кршење на Договорот од Пржино, одбивање на реформите за слободни медиуми и прочистувањето на Избирачкиот список, ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја втурнат Македонија во драматична криза, додаде Заев, истакнувајќи дека „ништо повеќе не зависи од Никола Груевски“.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти