Македонија
5. October 2021 - 18:38

Заев: Модуларните болници се тие и други нема, не значи дека ќе ги срушиме со булдожери

Модуларните болници се правени според високи стандарди и такви се во целиот свет, изјави на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев.

„Кој сум јас да кажам дали треба да има друг приклучок за полнач на телефон во модуларна болница? Вие очекувате од мене да бидам истражител. Не ми е тоа надлежност, и за тоа има надлежни институции. Модуларните болници се градени според светски планови. Тие се болниците, нема да бидат други. Не значи дека ќе ги срушиме со булоджери“, истакна Заев.