Заев: Мицкоски има проблем да одржи опозиција а не да зема ново парламентарно мнозинство
Премиерот Зоран Заев смета дека не е возможно ново парламентарно мнозинство, бидејќи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имал проблем да се одржи и во опозиција.
„Ние ги изгубивме нашите гласови, не ги дадоа на противникот, но останаа дома. Затоа се обратив на тие граѓани, кои не сакаат режим и кавги дома и со соседите. Но седејќи дома ќе го овозможат тоа за што се бореле, како граѓани. Затоа адресираме до нив. Еден дел е недоволната отвореност на досегашните градоначалници и кандидати, недоволната активност за кандидатите. Канализацијата во руралните средини, не донесе гласови. Веројатно граѓаните очекуваат повеќе“, кажа Заев.
Според него, незапочнатите, а ветени преговори со ЕУ, исто така се одразуваат на одлуката на граѓаните, да не дадат поддршка за СДСМ.
„Мицкоски има проблем да одржи опозиција а не да зема ново парламентарно мнозинство. Никој нашите гласачи не ги носи во џебот. Ние можеме да ги привлечеме врз основа на кандидати и програма. Нашите членови, кои се активисти на СДСМ, ќе добијат задача да гласаат за СДСМ во Чашка, Долнени, Арачиново. Ние за членовите може да дадеме инструкции. Тие сами се определуваат, тропаат на врата за нас“, додаде Заев.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица