Македонија
6. May 2021 - 8:24

Заев ќе се вакцинира денеска

Денеска во 12:00 часот, премиерот Зоран Заев ќе се вакцинира на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“, информираа од Владата.

Засега нема информации со која вакцина ќе се имунизира.

По вакцинирањето се предвидени изјави за медиумите пред влезот на спортската сала.