Македонија
25. March 2021 - 20:38

Заев: Јавното здравство има квалитет и е достапно за сите

Премиерот Зоран Заев вели дека јавното здравство е достапно за сите граѓани подеднакво без разлика дали се сиромашни или богати секогаш, па и сега во услови на пандемија. Вели дека места има во јавните здравствени установи и тврди дека јавното здравство има експерти и подобри од тие во приватниот сектор.  

-Во демократијата право на работа има и јавниот и приватниот сектор. Во приватните болници во РМ нема ништо повеќе што го нема во јавното здравство. Ништо повеќе нема. Ништо повеќе од квалитетно јавно здравство. И тоа го тврдам без да ме сфатат за непочитување на приватниот сектор. Да доаѓам од приватниот сектор, но, јас сум социјалдемократ и верувам и во јавното здравје, во јавното здравство и верувам во квалитетот на стручните луѓе и знам секојдневно што се случува кој што анема инфектолошки одделенија, а спеак сакале да одат граѓаните во приватните болнци. Па немаат инфективни одделенија. Немаат инфектолози. Се што имаат ескпертиза знаење од приватните болници го зимаат како консултација од јавните клиники, рече премиерот Заев одговарајќи на пратеничко папрашање на пратеникот Димитар Апасиев во врска со тоа дали Владата има намера да ги регулира цените на лекување во приватните волници за болни од КОВИД-19. 

Никогаш, вели премиерот, не сме се довеле да немаме место во јавното здравство за болен од КОВИД-19. Болен од ковид не плаќа ништо на јавното здравство. 

Има, посочува премиерот Заев, ценовник на основа на меѓународни стандарди коишто по пат на постапки јасно дефинирани ги усвојува Фондот за здравство, и додава дека е направена комплетна регулација на цените за сите услуги. 

-Апсолутно јавното здравство е подеднакво достапно за сите и за сиромашни и за богати и за среден слој. Тоа во приватното здравство тој што одлучил да оди апосолутно треба да знае нема да добие ништо повеќе од тоа што го добива во јавното здравство. И тоа е определба и однапред знаат кои се цените. И апсолутно нема никакво чекање во јавните здравствени установи и во Скопје и во внатрешноста и секогаш имаме резерви, рече премиерот Заев.

Ние, потенцира тој, ќе постапиме како што постапува секоја европска земја, ќе ги утврдува ценовниците на услугите онака како што утврдува целиот современ свет согласно нашите стандарди дома.  

-Државата плаќа се. Се што не може да се најде лек, операциски зафат или било каква лекарска интервенција дома државата ја плаќа дома во приватните клиники или ја плаќа надвор од државата. Опцијата јавно здравство ја имаме сите. Се друго е гол популизам и немате право вака да се однесувате, затоа што си играте со чувствата на нашиот народ, тешко е во цел свет, тешко е во соседството, умираат луѓе секаде и не боли сите, рече Заев.