Македонија
20. November 2019 - 12:29

Заев ја твитна Македонската радиотелевизија МРТВ како НРТВ

Во моментов со министерката за финансии Нина Ангеловска гостуваме на НРТВ, каде што го презентираме Буџетот за 2020 година пред медиумите и пред граѓаните. - ова вчера во моментот на гостување беше објавено на профилот на премиерот Зоран Заев на Твитер.

Според договорот со Грција, МРТВ треба да се преименува во Национална радиотелевизија, но националниот сервис се уште не е ребрендиран.