Македонија
9. December 2016 - 16:25

Заев: Имаме 10.000 членови Албанци

Во СДСМ членуваат повеќе од 10.000 албанци. Нова скандалозна изјава на лидерот на опозицијата Зоран Заев кој продолжува да ја албанизира партијата во обид да привлече албански гласови. 

Неговите последни изјави покажуваат дека најавите за двојазичност не се случајни. На дебатата во организација на Алби инфо на која учествувал и албанскиот политичар Зијадин Села, Заев гордо ги кажува причините за двојазичност и промена на Уставот, а особено е задоволовен од поддршката на Андреас Грос политичар кој смета дека македонските деца треба да учат албански јазик кој треба да биде еднаков со македонскиот.

Повеќето од опозциските партии имаат многу добра соработка со нас, но исто така во нашата партија ние имаме членови од албанската етничка група. На пример, ние имаме 70 илјади членови, од кои близу 10 илјади се Албанци, вели Заев.

Ваквите изјави на Заев се само продолжување на неговите најави за двојазичност. Заев пред албанската дијаспора во Швајцарија јавно говореше за потребата од еднаквост  на јазиците во земјавата и го отвори патот за вовоедување двојазичност во земјава.

Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21- век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.

На само два дена пред парламентарните избори во земјава, Заев доби и силна поддршка од Косовските медиумски магнати и пропагаторина големо-албанската идеја. На својот фесбук профил, Закир Беќири Чауш кој во моментов издржува затворска казна, објави видео интервју со политичкиот аналитичар и директор на косовската телевизија Клан, Батон Хаџиу, според кој Зоран Заев е единствениот човек кој може да ги спаси Албанците во Македонија. Хаџиу тврди дека ниту Ахмети ниту Тачи не успеале да ги заштитат ветераните на УЧКи албанското население и токму затоа, сепаратистот Заев е спасителот кој со аплауз беше дочекан од албанското население во Диво насеље, ден по терористичката акција.

Косово има обврска да се грижи за Албанците во Македонија, и затоа може слободно да се меша во внатрешните работи на Македонија, а за тоа најдобар би бил Зоран Заев бидејќи е отворен кон идејата за формирање на слободни територии на кои Албанците ќе можат самите да си донесуваат одлуки за нивниот живот и територија. На овој начин, Заев би овозможил спроведување на силна комуникација помеѓу Албанските слбодни територии (кантони според програмата на СДСМ), кои потоа преку референдум би можеле слободно да се отцепат. Од друга страна, Груевски е опасен за Албанците бидејќи сака да величи измислена историја, преку градење на споменици во Скопје на големци како Александар Македонски и други „лилипутанци“, кои не се дел од Македонската историја. Македонската нација е измислена и има лажна историја која Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се трудат да ја пропагираат,вели Хаџиу.

Токму поради ваквите изјави голем број на аналитичари во изминатите денови предупредија дека на Македонија и се заканува федерализација и редефинирање на државата.Според нив,  единствена гаранција за крај на политичката криза во Македонија и зачувување на нејзината унитарност се 63 пратенички места за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.