Македонија
23. October 2019 - 17:41

Заев има фаворит за технички премиер - Описот одговара на Оливер Спасовски

Заев има фаворит за технички премиер и тоа најверојатно ќе биде Оливер Спасовски. Иако не се изјасни директно смета дека  актуелниот министер за внатрешни е најсериозен кандидат а и  секако тој ќе мора да замине од МВР. За  Спасовски јавноста најгласно шпекулираше, но Заев вели таа одлука е најмалку важна за нив сега и изборот ќе го направат во декември со партиските тела и коалиционите партнери. Спасовски на 100 дена пред изборите ќе мора да ја напушти функцијата од МВР бидејќи согласно пржинскиот договор позицијата треба да ја преземе кадар на ВМРО ДПМНЕ.

Спасовски не негираше дека се подготвува да ја преземе премиерската фотелја. Премиерот Заев пак е одлучен дека на предвремените избори ќе ја бара довербата од граѓаните за втор мандат.

Вицепремиерката Радмила Шеќеринска изречно негираше дека ќе биде технчки премиер.

Изборите се закажани за 12 април, а техничката влада ќе почне да функционира од 3 јануари.