Македонија
2. May 2019 - 16:24

Заев и Мицкоски по изборите ќе го договараат законот за СЈО

Преговорите меѓу власта и опозицијата за  статусот на Специјалното обвинителство и предметите кои тоа ги води се издигаат на лидерско ниво. По изборите, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев најави дека директно ќе се вклучи во разговорите со опозцијата. Се надева дека целосниот текст на законот за обвинителство ќе биде договорен најдоцна до 15 мај.

-.. Јас веќе сум подготвен од 6 мај натаму и јас да се вклучам, но верувам дека прво министерката за правда ќе ги допрецизираат сите овие детаљи околу разговорите.Целта е ако можеме да завршиме до 10-15 мај би било добро, заради тоа што извештајот на Европската комисија се затвора.

Одлуката Заев да се вклучи во меѓупартиските преговорите доаѓа само еден откако тој се откажа од тоа да раководи со владинотот тело за реформи во правосудството и го препушти на министерката Рената Дескоска Треневска.

На маса од пред неколку дена е предлогот на министерството за правда предметите на СЈО да бидат распределени во републичкото Јавното обвинителство преку посебна комисија која би ја водел јавниот обвинител.

Заев верува дека одговорот од ВМРО-ДПМНЕ ќе стигнел по изборите бидејќи и нема време кога парламентот да заседава до 5 мај. Од опозциската партија пак, велат дека ја поздравуваат размената на предлози и остануваат во процесот, а одговор највуваат за неколку дена.

Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски веќе имаа две средби на оваа тема. Првата, беше инцијалната кога беше договорено разговорите да бидат водени на ниво на работни групи предводени од министерката Дескоска од страна на власта и адвокатот Тони Менкиноски од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Втората средба беше непосредно пред изборите, откако преговарачките групи заглавија со работата, но без решенија за законот.  Интензитетот на разговорите се намали за време на изборната кампања за претседателските избори.