Македонија
14. December 2021 - 16:38

Заев и Ковачевски на средби со коалициските партнери

Датумот за преговори со Европската унија, но и формирањето на меѓународна комисија за мониторинг на судските предмети ќе бидат услов на Алтернатива за влез во новата Влада. Пратеникот Скендер Реџепи вели дека ова беше и едно нивните клучни барања за кои очекува да се резлизираат до крајот на јануари, во спротивно ќе поттикне внатрепатиска постапка за преиспитување на веќе постигнатиот договор.

Во пресрет на најавите за повлекување на Заев од премиеркста функција, тој и неговиот партиски наследник Ковачевски денеска и утре одржуваат одделни средби со помалите коалициски партнери. Секоја од нив на овие средби доаѓа со свои барања и очекувања од новиот мандатар, но заедничко останува барањето за една изборна единица и борба со корупцијата

И покрај тоа што фокусот на средбите се програмските определби, Милевски вели дека се разговара и за повлекувањето на Заев. Без да открива детали првиот човек на ЛДП вели дека најверојатно до средината на јануаери Македонија ќе ја добир новата Влада.

Средбите на Заев и Ковачевски со помалите колаициски партнери продолжуваат и утре за кога е закажана средба со ДОМ.