Македонија
7. јуни 2019 - 8:46

Заев и Филипче во посета на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.

Премиерот Заев, како што најави владината прес-служба, ќе биде придружуван од министерот за здравство Венко Филипче.