Бизнис
23. November 2020 - 16:35

Заев и Брнз на енергетски форум

Повеќе инвестиции во енергециски проекти се целта на Владата во наредниот период. Намерата е да се премине кон чиста енергија односно извори кои не загадуваат како што се гасот, водата, ветрот, сонцето. Прмиерот Заев на отворањето на македонскиот енергетски форум рече дека во тек се неколку вакви проекти.

За американската амбасадорка Кејти Мери Брнз многу е важно земјава да премине од јагленот кој загадува кон обновливи извори на енергија, но и да добие повеќе можности за снабдување затоа што сега исто како и целиот регион, е зависна само од рускиот гас. Брнз вели дека САД ќе и помогнат на земјава да стане регионален дистрибутивен центар.

„И од Европската комисија сметаат дека горењето на дрва, користењето на јаглен се клучните фактори за загадувањето на воздухот. А високата аерозагаденост, сериозно го загрозува здравјето на жителите на Македонија“, се наведува во најновиот извештај за состојбата со аерозагадувањето во Европа објавен денеска.

Во документот се наведува дека високата концентрација на ПМ честички во воздухот во земјава и државите од регионот, е причина за висока стапка на прерана смрт кај населението. Европскиот комесар за животна средина смета дека состојбата е незадоволителна и порача дека регионот се уште не го постигнал потребното ниво на технолошки развој со цел намалување на аерозагадувањето.