Македонија
23. November 2017 - 11:53

Заев и Борисов положија цвеќе пред споменикот на Борис Трајковски

Премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска во Струмица положија цвеќе пред споменикот на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски.

На чинот на полагање цвеќе присуствуваа и владините делегации на двете држави кои потоа заминаа заедничката седница зад затворени врати во Домот на АРМ.

Претходно, двајцата премиери одржаа средба во четири очи во манастирот во Водоча каде што беа пречекани од митрополитот струмички  Наум и од други владици на МПЦ-ОА.

Според агендата, владите на Македонија и Бугарија напладне треба да потпишат девет договори од повеќе области и една заедничка декларација.

Во официјалната делегација на Владата на РМ покрај премиерот Заев, се и вицепремиерите Бујар Османи, Кочо Анѓушевм, министрите за одбрана Радмила Шекеринска, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за надворешни работи Никола Димитров, за траспорт и врски Горан Сугарески, за земјоделство Љупчо Николовски, за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, за локална самоуправа Сухелј Фазлиу, за животна срединаСадула Дураку, заменик-министерот Кире Наумов и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.

Заев и Борисов

Од бугарска страна на заедничката седницата ќе учествуваат вицепремиерите Томислав Дончев, Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева, министрите Валентин Радев, Николај Нанков, Нено Димов, Румен Порожанов, Ивајло Московски, Емил Караниколов, Теменужка Петкова и Николна Ангелкова. 

Заеднилката седница и договорите што ќр бидат поптишани се дел од исполнувањето на Договорот за пријателство, соработка и добрососедство меѓу двете земји потпишан на 1 август годинава во Скопје.