Заев: Фон дер Лајен ме извести дека ЕУ ќе обезбеди вакцини, дел од нив во април ќе стигнат во земјава
Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека остварил телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со која разговарале за соработката меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан во услови на здравствена криза.
-Претседателката ме извести дека ЕУ обезбедува 651.000 дози вакцини за заштита од Ковид-19 како директна помош за граѓаните на земјите од Западен Балкан, а соодветен дел од нив согласно бројот на жители во текот на април ќе пристигнат и во Македонија, информира Заев.
Додава дека заеднички констатирале оти европската соработка и солидарност мора да бидат на прво место во услови на глобална пандемија и загрозено јавно здравје, и ја потврдиле обостраната силна заложба за забрзана интеграција на регионот кон Унијата.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд