Македонија
22. February 2021 - 16:48

Заев е разочаран, одговорност ќе следува ако Мијалков не биде најден

Разочаран. Ова е зборот со кој премиерот Зоран Заев го опиша својот прв впечаток за бегството на поранешниот разузнувач Сашо Мијалков. Сепак, очекува дека Мијалков наскоро ќе биде лоциран и пронајден, а очекува и одговорност за случајот и покрај тоа што смета дека МВР ги има преземено сите чекори, како што е набљудување на јавни простори за лица за кои постојат сомневања дека би можеле да се впуштат во бегство.

Очекувам детални информации и истрага за самиот случај од судот, јавното обвинителство и од МВР. Нашиот народ очекува целосно расветлување на ваквиот случај и понесување одговорност ако не се спроведе судското решение за ставање во притвор на лице за кое се очекува да се донесе пресуда за еден од најважните случаи во РС Македонија, а тоа е разрешницата преку пресуда на Основен суд за случајот со прислушувањето или таканаречен 'Таргет-Тврдина'... Синоќа судот дал наредба за домашен притвор во 18:30, по што во Бирото за јавна безбедност е примена наредбата и веднаш се преземени дејства. Ред е да ги видиме деталите и ако има каков било пропуст, што не е дозволиво, ќе побарам одговорност,“ рече Заев.

Иако во јавноста извесно време постои сомнеж за неформална соработка меѓу власта и Мијалков, Заев негира дека имал политички договор со порнашениот функцинер.

„Апсолутно нема почлитички договор. Јас сум среќен како прво извршната власт сме обезбедиле услови после плачкање на државата, со сите влијаниа и моќи, е организиран правен процес. Очекувам оваа седмица да финишира тој правен процес. Веќе е најавена казна, и веројатно тоа е причината зошто не можело да биде пронајдено лицето Мијалков дома. Апсолутно барам владеење на правото, без разлика за кој, дали е власт или опозиција“, изјави Заев.

И покрај ваквите тврдења на премиерот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека одговорноста за бегствотот на Мијалков е токму кај Заев.

Лидерот Мицкоски пак, на Фејсбук отиде еден чекор повеќе и веднаш побара оставка од Заев.

Опозициската партија и понтаму тврди дека Мијалков стои и зад инцијативниот одбор за смена на Мицкоски кој јавно го предводи поранешниот градоначалник Ивица Коневски. Коневски се споменува и како последен со кој Мијалков вчера попладне седел во скопскотот кафуле „Дистрикт“, пред да почне да го бара полицијата.

На барањата на „Сител“ дали има коментар за бегството на Мијалков, дали е последен негов контакт, дали се виделе и дали нешто наговестувало дека ќе избега, Коневски на Вибер кратко ни напиша: „немам“.

Реакција во врска со бегството на Мијалков има и претседателот Пендаровски. Тој ги повика надлежните да ги преземат неопходните мерки и да се утврди дали има одговорност на институциите.

„Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната држава“, пишува шефот на државата.

Партиска реакција имаа пак, и од Алијанса на Албанците.

 „Ова е само уште една потврда за јавната тајна дека власта на чело со премиерот Заев и СДСМ се во тесна врска со сите првообвинети од случаите, кои СЈО ги отвори како резултат на „бомбите“, кои пак Заев селективно ги објавуваше од опозиција за време на т.н. „Шарена револуција“ . Повеќе од јасно е дека ова не е „пропуст“ на Министерството за внатрешни работи кое го води Спасовски“, пишуваат од Левица на Апасиев.