Македонија
4. January 2016 - 16:23

Заев доставил само еден хард диск до СЈО

Кутиите кои Заев ги предаде во Специјалното јавно обвионителство биле полни со листови хартија на кои се испринтани транскрипти од телефонски разговори, велат од Специјалното обвинителство за Сител. Иако Заев бараше 1 метар кубен простор за прислушуваните разговори, до Катица Јанева доставил само еден екстерен хард диск. Од обвинителството на Катица Јанева одбиваат да одгововрат дали на него се содржани 600.000 разговори како што тврди Заев.

-Она што во овој момент можеме да го соопштиме е дека од страна на СДСМ предадени се трнаскрипти од разговори, кои беа сместени во 6 картонски кутии. Воедно доставен е и еден надворешен хард диск. Со оглед на сензитивноста на доставениот материјал, во овој момент нема да бидат соопштени информации за начинот на примањето на материјалите, како и начинот на нивно чување и постапување со истите. За сите натамошни дејствија, како и за одговорите на другите прашања, дополнително ќе бидете известени, напишаа во маилот испратен до Сител.

По оваа електорнска порака побаравме од специјалната обвинителка да го открие само бројот на телефонски разговори содржан на екстерниот хард диск не навлегувајќи ниту во содржината ниту во начинот на чување на материјалите.

На ова Јанева одговори дека дека во овој момент сепак не би соопштувале дополнителни информации.

Сител побара одговор од специјалната обвинителка дали за примените кутии кои Заев ги достави на 30ти декември е составен записник.

Чл.89 и Чл.90 од Законот за кривична постапка предвидуваат да биде изготвен записник при секое дејствие во кој точно треба да се наведе содржината на примените материјали.

Со оглед на досегашните злоупотреби на првиватните разговори на граѓаните скандалозно е што специјалното обвинителство не открива дали лидерот на СДСМ ја исполнил својата законска обврска да достави 600.000 снимки.

По пробивањето на сите рокови во кои обвинителството не презема мерки за обезбедување на материјалите, ова е уште еден обид на Јанева да го заштити Зоран Заев.

Гаранцијата од Специјалното обвинителство дека кај нив се сите прислушувани разговори е неопходна пред посетата на евро комесарот Хан закажана за идната недела. Предавањето на сите амтеријали беше клучната обврска за Заев која произлегува од договорот во Пржино.

Досега се покажа дека материјалите биле злоупотребувани и дистрибиурани до криминални групи не само во Макеоднија туку и во регионот. Со акцијата за откривање на Фабриката за афери на СДСМ беше утврдено дека 70 илјади разговори биле во рацете на лица осомничени за десетици кривични дела. Дел од нив биле дистрибуирани на други осомничени лица во Србија а се преговарало и за продажба на дел од снимките на команданти на УЧК во Косово.