Заев: Доста ни е од делби и поделби на партиска и етничка основа
Коалицијата „За живот во Македонија“ преводена од СДСМ вечерва одржа предизборен собир во Дебар.
Пред дебарчани и жителите од соседните општини Центар Жупа и Маврово Ростуше, се обрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој повикувајќи ги да го дадат гласот за коалицијата „За живот во Македонија“, посочи дека ќе ја направи Македонија добро место за живеење.
- Доста ни е од делби и поделби на партиска и етничка основа и социјални групи, рече Заев.
Нашето место, посочи, е во НАТО и ЕУ, нема друга алтернатива.
- Со членство во НАТО и ЕУ доаѓаат инвестиции, ќе има работа за сите, просечна плата од 500 евра, повиски пензии, подобра иднина за сите. Доаѓа време кога сите ќе бидете мирни и спокојни, време кога никој нема да стравува за ништо, младите ќе останат тука, а не да заминуваат по белиот свет. Заврши времето на лаги во Македонија, дојде време да живееме, додаде Заев.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација