-->
-->
Заев: Добивме жолт картон од граѓаните, ќе го послушаме нивниот глас за да не стане црвен
-->
Граѓаните ни упатија јасна критика, опомена и казна. Тој глас го разбираме и уважуваме. Повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференција.
Тој потенцира дека владеачката партија ги слуша луѓето, а не гази врз нив.
-Од понеделникот почнуваме со процес на редефинирање и унапредување на каналите за интеракција со граѓаните. СДСМ слуша и му верува на народот. Од овој момент се менуваме за граѓаните. Добивме жолт картон од граѓаните, од тоа колку ќе го послушаме нивниот глас зависи дали тој ќе стане црвен за секој од нас. Барам шанса за земјата и општеството. Барам да се обединиме и сплотиме, за Скопје и државата да не ни се вратат назад.
Ќе станеме подостапни за граѓаните, рече Заев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората