Македонија
11. јуни 2019 - 16:10

Заев доби поддршка за датум за преговори од Чешка - очекува позитивна порака и од Меркел

Посетата на чешкиот премиер е големо охрабрување за нас, а позитивна порака очекувам и од канцеларката Ангел Меркел, изјави премиерот Заев по средбата со својот чешки колега Андреј Бабиш.. Заев вели дека е сигурен оти земјата ќе добие датум за преговори во јуни бидејќи се испорачани резултати, а сега, истото треба да го стори и Европската унија.. Доколку тоа не се случи, според Заев, наместо по патот кон европски вредности, државата ќе се врати назад кон популизмот и национализмот..

За чешкиот премиер Бабиш, земјава е најдобриот кандидат и очекува европските политичари да го исполнат ветеното.. Посочи дека неодредувањето датум ќе биде лош сигнал за регионот и ќе влијае демотивирачки врз граѓаните на државата.. Според Бабиш, земјава не смее да биде жртва на други регионални прашања и вели дека Унијата треба да ги вреднува постигнатите резултати..

Поддршка за земјава денеска пристигна од 13 земји членки на унијата.. Министрите за надворешни на Италија, Австрија, Бугарија, Малта со заедничко соопштение бараат на претстојниот Европски совет да се додели датум за преговори со Албанија и Северна Македонија.. „Европската унија треба да ја исполни својата недвосмислена определба за европска интеграција на Западен балкан, Не постои план Б“, пишува  во соопштението на 13-те министри за надворешни..