Македонија
17. May 2021 - 14:02

Заев: Дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет е неприфатлива за Македонија

Дискриминацијата базирана на сексуална ориентација или родов идентитет е неприфатлива за Македонија, држава како дом во кој сите се еднакви, напиша денеска на Фејсбук премиерот Зоран Заев по повод 17 Мај, Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и биофобијата.

-Денеска е Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата. Убав ден да застанеме во заштита и да им оддадеме почит на сите што ги бранат и промовираат правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата. Да порачаме дека во борбата за еднакви можности, без оглед на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, секој може да го даде својот придонес, напиша Заев.

Премиерот додава дека солидарноста и промоцијата на правата за сите луѓе што припаѓаат на ЛГБТИ заедницата и на сите обесправени групи и ранливи категории, е суштинска одлика на нашиот концепт „Едно општество за сите“.