Македонија
30. July 2021 - 15:12

Заев: Денес законите важат за сите, системот се справува и со крупните и со ситните риби

Борбата со корупцијата продолжува, никој нема да биде поштеден. Системот се справува и со крупните и со ситните риби, секој ден се испраќа пораката дека законот важи еднакво за сите, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Откако нагласи дека е јасна паралелата на владеење меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев уште еднаш ја повика опозицијата да се вклучи во борбата против корупцијата и криминалот.

Страшно беше, рече Заев, во времето на Груевски да се спомне име на функционер, а камоли да му се суди. – Денес не е така, напротив. Пред лицето на правдата не се само граѓани, туку и луѓе блиски до власта или до опозицицијата. Никогаш вака отворено во државата не се зборувало на секое ниво и со преземање одговорност од премиерот, како и од останатите владини ешалони, истакна Заев.

Матрицата на ВМРО е кочница на државата, оцени Заев и додаде дека да не беше нивниот квазипатриотизам сто пати побрзо ќе се движевме кон евроинтергациите и подобрувањерто на животот на граѓаните.

– Знам дека вистината боли. Дали во 11-те години додека бевте на власт можевте да спомнете имиња на функционери како што се прави тоа сега? Не. И тоа е големата разлика меѓу нас и вас. Ако законот важи еднакво за сите и ако за сите има судски завршници, ако слободно, транспарентно граѓаните зборуваат за сите, само така ќе не биде како држава. Вашата идеолошка матрица е извор на најголемото зло. Променете ја во делот на кочењето на државата, во делот на одговорноста и квазипатриотизмот – сто пати побрзо ќе се движи Македонија кон евроинтеграциите и поквалитетен живот на граѓаните. Тоа е вистината, тоа се фактите, рече Заев.

Тој потсети дека повеќе високи политичари се веќе со судски пресуди.

– Спомнавте десетина функционери во последните четири години, некои од нив се осудени, лежат казна, некои се пред суд, други во истрага. Ако можете да кажете пет од минатата власт кои се гонети во време на минатата власт, тогаш ќе ја извлечеме и таа паралела за која зборувам. Токму тука е суштината на разлиноста во овие четири години и 11-те на вашето владеење. И таа паралела е толку јасна што само по себе е потврда сегашноста – транспарентни докази и аргументи за криминалите, пљачката, за унишптувањето на човековите права од првото раководство на ВМРО – ДПМНЕ до 2017 година. И денес вие се гордеете со партијата, со минатото, со се. Кај нас е различно. И денес, кој и да го прекрши законот е исправен пред правдата, одговара, има и пресуди за градоначланици и функционери од нашите редови. Имаме обвинтелни акти, истраги. Наведете пет (функционери) од времето на Груевски што биле гонети, зашто во тоа време беше страв да се спомне име, а не да се гонат функционери. Никој не смееше да чепне по нив, истакна Заев.

Премиерот повтори дека антикорупциската стратегија е за сите ешалони. Владата ги има предвид и постапува по сите меѓународни извештаи. Денес се е транспарентно, граѓаните пријавуваат не само корупција, туку и индиција за корупција или криминал.

– Не постои власт во која народот верува дека нејзиниот прв, втор ешалон нема корупција. И пред некој ден, немав намера да го убедувам народот во тоа. Напротив, најважно е што ќе направи секој од нас за да бидеме поблиску до целта, а целта е да нема корупција во ниту еден од ешалоните на власта и во ниту еден сегмент од општеството. Треба да бидеме сите непријатели и противници на корупцијата и ве уверувам дека сме велезени во сериозна борба со овие општествени болести. Денес во земјата е се транспаренто, се знае се, затоа треба да биде и сериозна пораката тоа што се случува до секој политичар – дека борбата против криминалот и корупцијата проодлжува и никој нема да биде поштеден. Тоа важи за тие од првиот, вториот и кој било друг ешалон, важи еднакво за сите граѓани, за сите носители на фунцикиите. Внимавајте, сега се е јавно. Поради транспарентноста, граѓаните укажуваат на корупција и инидици на корупција. како пфретседател на Владата, покрај институциите, ја повкикувам и опозицијата да биде гласна, да укажува институциите да постапуваат, да прават истраги со крајна цел, отстранување на корупцијата за да бидеме рамноправни со развиените земји, подвлече Заев.

Пратеникот Кирил Пецаков генерално рече дека не е задоволен од одговорот на премиерот зашто поентите од прашањето, како што рече, не биле опфатени.

Додека премиерот зборуваше, имаше гласни дофрлувања од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на што тој им рече дека нема потреба од нервоза кога се кажуваат фактите.