Македонија
16. October 2019 - 17:51

Заев: Ако нема датум за преговори ќе падне владата

Ако земјава не добие датум, Владата може да падне, вели премиерот Заев во изјава за српски Танјуг. Според него, ниту една земја од ЕУ нема забелешки за Макеоднија, проблемот е внатре во рамките на Унијата заради реформите во неа. Премиерот вели дека тие реформи може да течат паралелно, со преговарачкиот процес во земјава.

Премиерот Заев во Виена утрово се обрати на дебатата на тема “Северна Македонија: Европски перспективи и зајакнување на домашните реформи за социјална еднаквост“во организација на Институтот Карл Ренер и Фондацијата Фридрих Еберт во Виена. Во обраќањето тој рече дека очекува ЕУ да се врати на изворните принципи и да покаже поголема грижа и внимание за процесите за проширување за да се елиминира интересот на трети страни во регионот.

Во Виена премиерот заедно со вицепрмеиерот Анѓушев имаа средба и со австриски бизнисмени пред кои ги презентираа можностите за инветсирање во земјава посебно во инфарструктурата.

Македонската владина делегација, потенцирала дека за развој на економијата е од суштинско значење евроинтегративниот процес.