Заев: Ако ЕУ не донесе одлука за преговори тоа ќе значи дека не го почитува и го казнува Преспанскиот договор
Ако Европската Унија не донесе одлука за почнување на преговори со Северна Македонија тоа практично ќе значи дека не го почитува, па дури и дека го казнува Преспанскиот договор, вели премиерот Зоран Заев во изјава за српската новинска агенција Танјуг.
-Сите велат дека Преспанскиот договор досега е еден од најдобрите примери на Западен Балкан. Ако ЕУ го казни овој договор со одлагање на пристапните преговори со Северна макеоднија, како може тогаш да се очекува дека ќе биде најдено решение за косовското прашање, или како ќе се мотивираат босанските лидери да најдат решение во БиХ, рече Заев.
Тој сепак се надева дека лидерите на ЕУ ќе дадат зелено светло за отворање на преговорите со Северна Македонија.
Посочува дека ниедна земја членка нема забелешки кон нас, туку проблем е само барањето на Франција за реформа на преговарачкиот процес, кој според Заев може да се одвива паралелно со процесот на проширување.
Северна Македонија, нагласува Заев, нема друга алтернатива освен ЕУ, и нема да отстапи од европскиот пат. Според него, натамошното одложување на стартот на преговорите може да предизвика пад на Владата во Скопје, но оти на нејзино место ќе дојде друга која ќе го продолжи европскиот пат.
– Поради ова го променивме нашето име, направивме договори со Грција и Бугарија и ги унапредивме односите со другите соседи. Верувам дека ЕУ ќе не мотивора да продолжиме со работа и да постигнеме уште поголеми успеси, изјави Заев за Танјуг.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација