Заедничка воена вежба на Русија и Белорусија до границите на НАТО

Армиите на Белорусија и Русија започнаа масовни воени вежби на територииите на двете соседни држави, во непосредна близина на Полска и трите балтички држави, сите членки на НАТО.
Вежбите наречени „Запад 2017“ се најголеми по 2014 година, кога Русија изврши анексија на Крим и започна бунтот на проруските сепаратисти во источна Украина.
Според руското Министерство за одбрана, во вежбата учествуваат 12.700 војнци, од кои 7.200 белоруски, 680 оклопни возила, од кои 250 тенкови, 70 воени авиони и хеликоптери и морнарички сили во реонот на Балтикот во руската енклава Калининград, сместана меѓу Полска и Литванија.
Главнината од овие вежби се одржува на белоруска територија и е замислена како руски воен одговор на симулирано „вооружено востание“ во Белорусија.
Според сценариото на вежбата, на белоруска територија „саботери и терористи“ поддржани од измислена странска земја, се обидуваат да ја соборат власта, но Русија испраќа свои трупи за да и помогне на својата сосетка.
Воени експерти на НАТО изјавија дека очекуваат овие вежби да се одржат на три локации околу членките на Алијансата.
Украинскиот претседател Петро Порошенко предупреди денеска дека вежбата „Запад 2017“ може да претставува увертира за инвазија врз Украина.
Владата во Киев нареди засилување на безбедноста на украинските граници.
По руската анексија на Крим и конфликтот во источните украински региони Луганск и Донецк, НАТО испратено 4.530 свои војници во најблиското руско соседство - во Полска, Естонија, Летонија и Литванија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
