Живот
3. March 2016 - 16:16

Заѕвонел на вратата кај љубовницата, но наместо таа му отворила сопругата!

Лесли Варнер (25) од САД и нејзиниот една година постар сопруг Коди наскоро по се најверојатно ќе комуницираат само преку адвокат.
 
Всушност, видеото кое стана вирален хит на Фејсбук сведочи за тоа дека нивниот брак бил само врска на хартија, во која имало се но не верност и искреност.
 
Коди Варнер, се дознава и од разговорот, сопругата ја изневерил најмалку со три девојки, а видеото сведочи и дека сакал со четврта, Сем, најдобрата другарка на Лесли.
 
На нејзина среќа, младата девојка се покажала како лојален пријател, па Клоди останал затекнат кога наместо Сем на вратата го пречекала неговата сопруга.
 
Од видеото се открива дека и Лесли не останала должна, односно, наводно поради одмазда таа имала секс со извесен Јаред додека била трудна.
 
Кој ќе го задржи на крајот несреќното дете ќе одлучи судот, на кој ќе бидат приложени сите детали.
 
Во американската сојузна држава Идахо законот предвидува казна за изневерување и тоа затвор до три години.