Задолжителни проверки на сите лица при премини на внатрешните граници во ЕУ

Советот на Европска унија за правда и внатрешни работи денеска одлучи да воведе задолжителни и постојани проверки на сите лица кои ги поминуваат внатрешните граници во ЕУ.
Мерката предвидува дека сите лица кои ќе преминуваат граница без оглед на која земја е државјанин ќе биде проверуван во системите за потрага на престапници.
- Очекуваме до крајот на годината Европска комисија да предложи промени во Шенген кодексот во таа насока, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев.
Министерот за внатрешна безбедност на Луксембург Етиен Шнајдер наведе дека до крајот на годината ќе се создаде систем за собирање на податоци за лицата кои патуваат со авион.
Тој додаде дека Шенген законот и сега дозволува постојани координирани проверки во внатрешните граници на ЕУ.
- Имаме средства за размена на информации за осомничените за тероризам, треба да ги искористиме, посочи Шнајдер.
Европскиот комесар за внатрешни работи Димитрис Авармопулос наведе дека само пет од 28. земји-членики на ЕУ во моментот разменуваат разузнавачки податоци.
- Многу од трагичните настани што се случија можеа да се предвидат и дас е превенираат при подобар размена на информации меѓу службите, посочи Аврамопулос.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани
-

Атлетико Мадрид доби нови сопственици
-

Во украинската корупциска афера вмешан и соработник на Зеленски
-

Роналдо: СП2026 ќе биде мое последно, а ќе играм уште година, две
-

Лавров: Русија ќе тестира нуклеарно оружје, ако и другите нуклеарни сили вршат нуклеарни проби
-

На секои 10 следбеници собира една ќеса ѓубре | Филип Ѓорѓиев „Ќеса на 10“ | Sitel Podcast 123
-

Претседател на Чешка: Еднаш ќе мора да собориме некој руски авион
-

Алиу за случајот со почината пациентка: ДСЗИ е веќе на терен, денеска ќе потпишам да се формира стручната комисија
